15 примени на АИ во образование

15 начини да се примени АИ во училиштата за учениците, професорите и администрацијата

Во моментов, актуелна тема кај учениците насекаде е употребата на програми со вештачка интелигенција како помош при завршување на училишните обврски. Јавниот фокус е насочен кон што можат апликации како ChatGPT да направат за учениците, но постојат многу повеќе примени кои ја олеснуваат работата и на професорите, администрацијата и институциите. Прочитај 15 начини како вештачката интелигенција може да послужи за подобро образование и поедноставен образовен процес.

1. Адаптирано учење според нивото на знаење: Вештачката интелигенција го одредува моменталното ниво на знаење на ученикот. Потоа материјалот кој е прикажуван на учениците е приспособен според индивидуалното ниво, тоа е за да се обрне внимание на личните недостатоците. Ова им овозможува на учениците кои заостанале со материјалот да добијат дополнителна помош во совладувањето.

2. Технологија наменета за учениците со пречки во учењето: АИ програмите се оспособени да ги анализираат потребите на ученикот и според нив да понудат алатки за помош. Неколку примери се читач на глас за лица со оштетен вид, прегледувач на текст за лица со дислексија или вежби за социјализирање за развивање на комуникативни вештини.

3. Автоматско планирање на наставните содржини: Наставници и професори можат да се послужат со вештачка интелигенција за оптимално планирање на наставата. АИ ќе се раководи според анализа за процесот на учење, одделувајќи повеќе време за оние теми кои на учениците им се потешки. Уште повеќе, АИ алатки нудат и интерпретација на материјалите за да се добијат повеќе различни објаснувања за истата тема.

4. Оптимално распоредување на обврски: За да не си преплавен со обврски за кои „трчаш наваму натаму“, АИ може да ти направи распоред на дневно, неделно и месечно ниво според твоите лични стандарди. На тој начин добиваш личен асистент кој се грижи за должностите да се извршуваат без брзање и без правење исто нешто неколку пати.

5. Менаџирање на распоредите на професорите и замена при отсуство: Веќе се широко во употреба програмите кои за сите одделенија и професори прават распоред на часови на училишно ниво. Еден чекор напред се оди со вештачката интелигенција за да се минимизира времето кое професорите го поминуваат чекајќи помеѓу предавања, како и за автоматизација при повикување на замена доколку некој професор е отсутен.

6. Менаџирање на простории: На сличен начин можат да се распоредуваат и просториите за групи во зависност од потребите. Така, секоја просторија ќе биде искористена до целосен потенцијал, овозможувајќи ги ресурсите кои им се потребни на професорите. На пример, на големи групи нема да се доделат мали училници, предавањата за кои се потребни проектори, радио, паметни табли или други уреди ќе бидат лесно планирани.

7. Целосно менаџирање на институцијата: Вештачката интелигенција може да скрати часови административна работа со следење на состојбата на целата институција. Тоа подразбира ученичка евиденција, превоз, буџети, распореди, сметки, потрошувачка и многу друго.

8. Пишување: Програми кои нудат помош при пишување го кратат времето значително и го креваат мислењето за авторот на високо ниво. Вакви програми, освен оние во обликот на ChatGPT кои генерираат текст, постојат и за проверка на граматика, алтернативни опции за вокабулар или промена на структура на реченица.

9. Комуникација помеѓу професори и родители: Сите оценки, пораки и известувања кои се разменуваат помеѓу наставниот кадар и родителите може да биде автоматизирани. Ова особено им помага на наставниците кои инаку одвојуваат дел од своето слободно време да разменуваат пораки и да ги известуваат родителите за новости. Патем, ова е едноставен начин да се добие и целосна слика за размислувањето на родителите преку анкети и статистики.

10. Учење нови јазици: Апликациите за учење на јазици нудат содржини во зависност од амбициите и предзнаењата на корисниците. Тие го темпираат и одредуваат материјалот според личното претпочитање на ученикот.

11. Оценување: Истражувања покажуваат дека наставниците и професорите поминуваат речиси 8 часа низ неделата прегледувајќи задачи и тестови, тоа е еден работен ден! Затоа АИ програми можат да читаат есеи, автоматски проверуваат постапки и целосно да го автоматизираат прегледувањето, каде професорот би имал како обврска само да го надгледува оценувањето и да го насочи системот.

12. Правење игри од наставниот материјал за заинтересираност на учениците: Вештачка интелигенција може да најде примена за разноликоста на содржините и генерирање нови содржини за да се задржи вниманието на учениците и да се зголеми нивниот успех.

13. Разоткривање плагијати: Употребата на содржини од интернет и се поинвентивните апликации со генеративна АИ нудат доза на недоверба во авторството на текстови. За да се реши проблемот, нови АИ апликации се користат за разоткривање на копии и плагијати. Тие го споредуваат текстот со многу други на интернет и бараат специфични знаци дека текстот е генериран вештачки.

14. Транскрипција на предавања: Особено корисно за студенти кои би сакале да ги имаат белешките и истовремено да обрнат внимание на говорот на професорот. Овие програми го претвораат говорот од предавањето во сценарио.

15. Анализа на успехот на студентите: Во зависност од примената, може да се направи целосна анализа за кои предмети се најмалку успешни, кои професори се најподготвени, кои студенти потфрлаат во кои предмети, како и за целокупниот интерес на учениците.

Според истражувањата на Светскиот економски форум AI ќе замени 85 милиони работни места, но ќе создаде нови 97 милиони,
а дури на 50% од вработените ќе им треба дополнителна обука или реструктуирање.

Биди меѓу првите Certified AI Practitioners, на овие простори, научи ги принципите и техниките на AI и Machine Learning и како да ги применуваш во решавање на деловни предизвици и креирање на иновативни продукти и решенија.