Стефанија Миндова - Никогаш не е доцна за промена

Стефанија Миндова: “Никогаш не е доцна за промена”

Благодарение на летната менторска програма за Data Analyst можете да стигнете до посакуваната цел на професионално ниво.


Која е Стефанија?
 

Магистер по маркетинг, вработена во банка. :)

Како изгледа еден твој типичен работен ден?

Busy, busy busy. Едноставно исполнет до максимум, започнувајќи со различните задачи на работа, завршувајќи со пренасочување на мојата енергија за стекнување на нови знаења и вештини.

Зошто Семос Едукација?

Првично затоа што имаат докажано искуство и се Microsoft Gold Partner, и секако програмата и концептот на целата летна менторска програма.

Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?

Дека никогаш не е доцна за промена. Научив како да се надминам самата себе и да ги поместам границите за нешто ново.

Како и зошто се одлучи да почнеш да учиш на Data Analyst летната менторска програма?

Она што првично ме привлече е аналитичкиот начин на размислување и структурното решавање на проблеми кои се неопходни за успех во областа, а и љубопитноста за постојано барање одговори. И секако целиот концепт на летната менторска програма.

Кои вештини ги доби на обуката во Семос Едукација а кои ги користиш во секојдневната работа?

Пребарување на податоци од релациони бази, пишување на T-SQL код со цел извлекување на податоци од одредена релациона база, нивна обработка, примена на статистика во анализа на податоци во Microsoft Excel нивна визуелизација, креирање на data model во Excel, анализа и начини на обработка и визуелизација на податоци во Power BI.  

Кој совет би им го дале на оние кои размислуваат да се запишат на обука во Семос Едукација?

Just go for it! Благодарение на летната менторска програма можете да ги усовршите вашите професионални вештини за да стигнете до посакуваната цел на професионално ниво.