Благојче Мискоски, Економистот кој досадниот шалтер го замени со Веб Дизајн

Благојче Мискоски

Економистот кој досадниот шалтер го замени со Веб Дизајн

Благојче Мискоски, 26 годишниот дипломиран економист од Прилеп, е уште еден во низата успешни студенти од редовите на Семос Едукација. Неговата титула, поткрепена со меѓународен сертификат, гласи Веб Девелопер. Стекнатите вештини во Семос Едукација, Благојче ги применува во Кара5 каде работи и се надградува себеси во професијата. Но, главното прашање е: Зошто Благојче не е зад некој банкарски шалтер?

Зошто одлучивте да ја смените својата примарна професија?

„Сметам дека никогаш не е предоцна за нови почетоци па затоа одлучив да ја променам својата кариера и да се насочам кон Веб дизајн/девелопмент. Отсекогаш имав желба да работам во ИТ индустријата и конечно решив да направам нешто во врска со тоа и желбата да ја преточам во реалност,“ вели Благојче.

„За академијата за Веб Дизајн дознав од мој другар кој беше минатогодишен студент на истата. Семос Едукација доделува по две стипендии за академиите за Веб и Графички дизајн (делумни и целосни). Секоја година се објавува конкурс за стипендија на одбрана тема, минатата година јас се пријавив за стипендијата и изработив дизајн за веб страна на тема СОС. После аплицирањето, ме контактираше тимот на Семос Едукација, бев на тестирање и на неколку влезни интервјуа и по изложбата на минатогодишните студенти ми беше доделена стипендијата. Навистина сум задоволен од начинот на кој Семос Едукација секоја година организира конкурси за стипендија и сметам дека тоа ги одвојува од останатите академии,“ додава тој.

Професиите кои произлегуваат од економскиот сектор се сѐ уште актуелни и барани, но она што се смени е бројката на луѓе кои тежнеат кон работен ден исполнет со креативност, слобода во изразот и нешаблонски начин на работа. Кога на тоа ќе се додаде и убавата заработувачка во ИТ секторот, не е чудно што професиите како Веб Дизајнер почнуваат да го освојуваат приматот.

Улогата на Веб Дизајнерот

Веб Дизајнот како професија обединува многу капацитети, воглавно креативност и технички вештини. Ако ја земеме предвид и суштината – креација за широките маси – тогаш имаме полн погодок. Да бидеме реални, она што им вдханува живот на идејните решенија е интернетот, а сите со задоволство би уживале во славата токму таму. Сумирано со едноставен речник: Вие би биле креаторот на веб страната која ја посетувааат и користат илјадници луѓе секојдневно – далеку повреден комплимент од собирачите на лајкови.

„Веб Дизајнерот е задолжен за дизајнот на веб страната, нејзината функционалност, со еден збор, задолжен за UX/UI (User Experience /User Interface),“ појаснува Благојче.

Долгорочна професија -  И ТОА КАКО!

„Веб дизајнирањето како професија е тука за да остане! Со постојаното менување на технологиите и начинот на работа, се зголемува потребата од добро дизајнирани и структуирани веб страни и апликации. Главната улога на Веб Дизајнерот е да ги направи тие веб страни и апликации едноставни за користење, а притоа да бидат убави, со убав дизајн, бои и типографија. Ова е една од најбараните професии во моментов, а за тоа колку е платена зависи од искуството на Веб Дизајнерот како и од проектот на кој тој работи,“ тврди Благојче.

Дали обуката во Семос Едукација е доволна за да одговорите на професијата?

„ИТ индустријата е сектор кој постојано се менува и еволуира; секој, што сака да започне кариера во него, мора да биде спремен постојано да учи и да се надградува, бидејќи постојано излегуваат нови технологии кои брзо ги заменуваат старите. Академијата ми помогна да стекнам знаења и вештини и ме насочи на кој начин истите да ги надградувам во иднина. Стекнатото знаење ми помогна да се вработам во Кара5 како веб девелопер. Сметам дека знаењата стекнати на академијата се доволни за во најмала рака да обезбедат пракса и вработување во некоја ИТ компанија,“ вели Благојче.

ЗАКЛУЧОК: АКАДЕМИЈАТА Е ИСПЛАТЛИВ ВЛОГ!

„За секој кој сака да промени кариера или да го надогради знаењето што веќе го поседува, доколку навистина сака да успее во својата намера да го претвори веб дизајнот/девелопментот во секојдневие и е спремен да се посвети себеси 100 % - му препорачувам да се запише на академијата за Веб Дизајн. Секој успех во животот бара жртва и посветеност и доколку навистина сте спремни да се посветите целосно, вложениот труд ќе ви се врати како награда,“ искрено ни одговори Благојче повикувајќи се на својот пример.

ПОВЕЌЕ ЗА АКАДЕМИЈАТА ЗА ВЕБ ДИЗАЈН