Елена Марковски софтвер тестер

Којa e Елена Марковски?

Авантурист кој обожава да истражува нови дестинации, да учи нови работи и да шири познанства.

Како изгледа еден твој типичен работен ден?

Најчесто работниот ден ми започнува со шоља кафе или чај и преглед на тасковите предвидени за тој ден. Иако почетокот на работното време во нашата компанија, а воедно и во целата ИТ индустрија е доста флексибилно, сепак практикувам секој работен ден да го започнам од 9 часот наутро. Пред започнување со работните обврски, секојдневно одржуваме состанок на ниво на тим, каде се дискутира напредокот во работата како и одредени проблеми или блокери кои се решаваат на ниво на тим, со цел секој член од тимот да може самостојно и непрекинато да продолжи со својата работа. Потоа си продолжувам со работа на сопствените таскови, во постојана комуникација и координација со тимот, се до 17 часот попладне кога ми завршува работното време.

Како и зошто се одлучи да почнеш да учиш софтвер тестинг?

Постојано сакам да учам нови работи, вештини и да се надоградувам. Во последниве неколку години сите сме сведоци на постојаниот пораст на ИТ индустријата, а со тоа и пораст на побарувачката на стручен кадар, што ми го привлече вниманието и почнав да истражувам. По природа сум перфекционист кој добро знае самостојно да си ја организира работата и премногу внимание обрнувам на детали, особини кои го одликуваат еден успешен софтвер тестер, па така некако се пронајдов и започнав да ги изучувам основите на софтверското тестирање.

Каде работиш сега?

Во моментов работам како Junior Quality Assurance Engineer во ИТ Лабс, софтверска компанија која е долго време на пазарот. Пред точно еден месец го прославивме 15-тиот роденден на ИТ Лабс, секако на една виртуелна забава J Приказната во ИТ Лабс започна со 3 месечна пракса, која компанијата ја спроведува повеќе од 10 години, што претставува одличен начин за започнување на кариера во оваа област, особено кога почнувате од нула.

Зошто ISTQB обуката за софтвер тестери на Семос Едукација?

При моето истражување околу оваа професија, многу често се споменуваше ISTQB обуката со која најдобро може да се запознаете со основите на софтверското тестирање и агилниот процес на работа. Воедно, ISTQB (International Software Testing Qualifications Board) е организација која ви овозможува да се стекнете со меѓународно признати сертификати од повеќе нивоа во областа на Софтвер Тестингот, со кои можете да започнете да работите како сертифициран Софтвер Тестер. А моето позитивното искуство со Семос Едукација ја направи одлуката многу полесна. Имам посетувано и други обуки во Семос кои не се поврзани со софтвер тестингот меѓутоа ми помогнаа во она што сакав да го изучувам во моментот. Презадоволна сум од организацијата, инструкторите и нивната посветеност и поддршка, како и условите во нивните работилници. Воедно се и овластени соработници на ISTQB, со што покрај обуката овозможуваат и полагање на соодветните испити и стекнување на сертификат.

Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?

Дефинитивно многу. Она што би го издвоила од обуката се практичните вежби и примери кои помагаат за полесно совладување на теоријата која е прилично обемна. Иако морам да напоменам дека има уште многу да се учи. Работата е динамична, а индустријата е во постојан развој, излегуваат нови технологии и алатки за работа затоа треба постојано да учите и да се надоградувате.

Кој совет би им го дале на оние кои размислуваат да се запишат на обука за софтвер тестери во Семос Едукација?

Да не се двоумат, дури и да немаат никакви претходни познавања од оваа област. Јас лично имам сосема поинаков бекгроунд од она што денес го работам. Да бидат храбри и да го направат првиот чекор уште денес, бидејки на пазарот на труд постојано се бараат софтвер тестери. И да бидат упорни и истрајни во она што сакаат да го постигнат. 

Ако си заинтересиран/а за кариера како сертифициран софтвер тестер и да имаш успешна приказна како Елена, погледни ја Официјалната Академија за софтвер тестер.